![](https://batali.mk/wp-content/uploads/136953881_3720538007985246_1025348179212314785_o.jpg)
Под мотото „НУЛА ГЛАДНИ ЗА БАДНИК“ , во центарот на градот денес се одржа волонтерска акција.
Волонтерите на Црвен крст на Општинска организација Велес, гостилница Боем, Евангелска црква Велес и навивачката група „Атентатори“ денеска поделија 550 оброци за лица и семејства кои живеат во социјален ризик.
![](https://batali.mk/wp-content/uploads/136498814_3720538451318535_4029124915378250076_o.jpg)
На лицата од социјално загрозени семејства им беа поделени топли оброци со леб, уште толку чоколади и пакетчиња со тулумби, чај и вино, и по некое пакетче со алишта за дечињата со што им ги разубавија празниците и бадниковата вечера.
Можеби ќе ве интересира: