Сообраќајна незгода се случила утрово околу 8 часот на железничкиот премин во населбата Превалец, каде патнички автомобил марка „Ауди“ бил удрен од воз.
Според неофицијалните информации, автомобилот бил со велешки регистарски таблички, а во него се наоѓало само едно лице. Се работи за лице кое, според првичните информации, е од велешкото село Бањица.
Засега нема официјални информации за здравствената состојба на возачот. На местото на незгодата се очекуваат повеќе информации за причините и околностите под кои дошло до судирот.
Овој железнички премин во Превалец и во минатото бил место на сообраќајни незгоди, поради што жителите подолг период апелираат за зголемување на безбедноста. Тие бараа поставување рампи на железничките премини во реонот на Превалец, со цел да се спречат вакви незгоди и да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.






















