Триесетгодишен жител на Кичево бил лишен од слобода откако бил затекнат како управува возило без положен возачки испит на регионалниот пат Велес – село Извор. Ова е десети случај од почетокот на месецов.
Според информациите од СВР Велес, на 13 февруари 2026 година во 10:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка извршиле контрола во сообраќајот на регионалниот пат во општина Чашка, при што сопреле патничко возило „лада“ со кичевски регистарски ознаки. Возилото било управувано од У.М.(30) од Кичево, а при проверката било констатирано дека тој управувал без положен возачки испит за Б категорија.
По насоки на јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, додека возилото било привремено одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

















