Возеле иако им било забрането, двајца возачи приведени, возилата одземени

veleska policija soobrakajci

Во две одвоени сообраќајни контроли извршени во Велес и велешко, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата лишија од слобода две лица кои управувале моторни возила и покрај активна забрана за возење.

Првиот случај се случил на 09.02.2026 година во 17:30 часот на крстосницата кај село Башино Село. Полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (28) од Скопје. По извршената проверка, било утврдено дека возачот управувал возило и покрај тоа што имал активна мерка – забрана за управување со моторно возило од Б категорија.  По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен, а возилото било одземено.

Agria

Вториот случај е евидентиран на 10.02.2026 година во 00:20 часот на улицата „Академик Пенчо Давчев“ во Велес. При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.А. (42) од Велес. И во овој случај било констатирано дека возачот управувал возило иако имал впишана забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица, а возилото било одземено.

По целосно документирање на двата случаи, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: