Втор круг во Лозово – актуелниот градоначалник Цветковски и Велковски од СДСМ во неизвесна трка

Во општина Лозово ќе се гласа и во втор круг, покажуваат првичните резултати објавени од Државната изборна комисија. Ниту еден од кандидатите не успеал да обезбеди над 50 проценти од гласовите во првиот круг.

Според податоците на ДИК, Ацо Велковски, кандидатот на СДСМ, води со 46,07% од гласовите, односно 651 глас, додека веднаш зад него е актуелниот градоначалник Бошко Цветковски од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со 40,55% или 573 гласа.

Agria

Останатите кандидати добија значително помала поддршка — Светла Алексич од Единствена Македонија освои 3,18% (45 гласа), а Милан Ашихковски од ТМРО — 3,82% (54 гласа).

Со вакви резултати, Лозово влегува во втор круг на изборите, во кој ќе се соочат Велковски и Цветковски, кандидатите на двете најголеми партии — СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Крајните и официјални резултати ќе бидат потврдени од Државната изборна комисија во наредните денови.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: