Во организација на Општина Велес и фудбалскиот тренер Панче Нанев, од 8 јуни ќе започне „Детски фудбалски турнир 2026“, кој по вторпат ќе се одржи во Велес, со цел да го поттикне спортскиот дух, фер-плејот и тимската игра кај најмладите љубители на фудбалот.
На турнирот ќе учествуваат деца од генерацијата 2011/2012 и помлади, кои преку натпреварите ќе имаат можност да ги покажат своите фудбалски вештини, посветеност и љубов кон спортот.
Организаторите најавуваат дека покрај натпреварувачкиот карактер, турнирот ќе понуди и многу дружење, нови пријателства и позитивни спортски вредности, создавајќи вистинска спортска атмосфера за сите учесници и посетители.
Натпреварите ќе се одигруваат на спортскиот терен во Градскиот парк во Велес, каде се очекува голема посетеност, поддршка од родителите и љубителите на спортот, како и фер и возбудливи натпревари.
Сите резултати, новости и најинтересни моменти од „Детски фудбалски турнир 2026“ љубителите на спортот ќе можат да ги следат на порталот Батали.нет кој е медиумски покровител на овој турнир






















