Започнати активности за целосна ревитализација на Езеро Младост

ЈПВ „Лисиче“, деновиве ја започна акцијата за расчистување на целото крајбрежје на Езеро Младост. Активностите се реализираат во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и АД „Водостопанство“, кои обезбедија соодветна механизација за спроведување на зафатите на терен.

Паралелно со чистењето, распишан e и јавен повик за хидрогеолошки истражувања, кои треба да го подготват теренот за изведба на нови бушотини. Во тек е и изработката на проект за санација на темелниот испуст, како една од клучните мерки за стабилизирање на водостојот.

Agria

Како долгорочно решение, Општина Велес во партнерство со Владата на Република Македонија, ќе се работи на довршување на цевководот што ќе ги поврзе акумулациите Лисиче и Младост. Овој инфраструктурен зафат се смета за трајно решение со кое ќе се обезбеди редовен доток на вода во езерото.

Една од фазите што веќе се спроведуваат е чистењето на коритото на Отовичка река, како и отстранување на трските, тињата и сувите дрвја околу езерото. Во наредните денови ќе започне и бушењето на нови бунари за довод на свежа вода, неопходна за одржување на биолошката разновидност. Овие бунари ќе го надоместат во голема мера пресушениот природен доток, што е последица на климатските промени и интензивното користење на подземните води преку новите бушотини во населбата Отовица.

Со започнатите активности, институциите најавуваат континуирани мерки за целосна ревитализација на Езеро Младост и заштита на неговиот еколошки систем.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: