Педесет и петгодишен жител на селото Бузалково е лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал автомобил без да се стекне со право на управување.
На 19 октомври, во 20:40 часот, полициски службеници од СВР Велес при сообраќајна контрола на регионалниот пат во близина на езеро Младост запреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (55) од Бузалково.
По извршените проверки било констатирано дека возачот управувал со возилото без да има стекнато право на управување.
По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

























