Денеска времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа се очекува тие да бидат и пообилни со наврнат над 30 литри на квадратен метар воден талог. Локално, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), се можни услови и за појава на невреме со засилен ветер од над 60 километри на час и појава на ретки грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 11, а максималните ќе достигнат од 13 до 18 степени.
Во Велес ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спуштат до 8, а максималната ќе достигне 14 степени.

















