Локалните избори ќе бидат распишани во август, партиите веќе со први кандидати

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска изјави дека локалните избори ќе бидат распишани во првата декада од месец август. Оваа изјава ја даде за време на неговата посета на Тетово, каде што беше придружуван од градоначалникот на општината, Билал Касами.

Иако официјалниот старт на изборниот процес допрва претстои, политичките партии веќе ги соопштуваат своите први кандидати. ВМРО-ДПМНЕ ги потврди кандидатурите на актуелниот градоначалник на Велес, Марко Колев, како и на Киро Нацков за општина Градско. Од опозициската СДСМ, Горан Стојановски повторно ќе се кандидира за челната функција во општина Чашка.

Agria

Сите досега објавени кандидати се актуелни градоначалници, што укажува на нивната намера да бараат уште еден мандат од граѓаните. Очекувањата се дека во следниот период ќе следуваат и нови објави од политичките партии, како и официјалната одлука за датумот на изборите.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: