Денес, очекуваме променливо облачно и нестабилно време, со локални врнежи од дожд и грмотевици. На одредени места, овие процеси ќе бидат поизразени, претворајќи се во невреме проследено со обилен дожд, силни грмежи, засилен ветер и повремена појава на град.
Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени Целзиусови, додека максималната ќе достигне од 24 до 29 степени Целзиусови.
Во Велес ќе преовладува променливо облачно време, а во некои делови од котлината ќе биде нестабилно со дожд, грмотевици, силен ветер и можност за изолиран град. Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.