Љубомир Спасиќ со медал на СП: Бронза за Македонија во кајак спуст

Македонскиот репрезентативец Љубомир Спасиќ од Велес освои бронзен медал на Светското првенство во кајак спуст на диви води, кое се одржа на реката Врбас во Бања Лука.

Zito baner

Во категоријата Мастерс 35+, тој успеа да се искачи на победничкиот подиум во силна меѓународна конкуренција и да донесе значаен успех за македонскиот кајак.

Agria

Како претставник на ККК Арка – Борец, Спасиќ извозе стабилна и контролирана трка, со добра линија и темпо на патеката, што на крај му обезбеди третото место меѓу најдобрите.

Овој резултат уште еднаш ја потврдува стабилноста и напредокот на македонскиот кајак на меѓународна сцена, каде искусните натпреварувачи продолжуваат да носат резултати.

„Подготовките беа тешки, секој ден беше исполнет со тренинзи и анализа на патеката, но верував дека можам да направам добар резултат и ете успеав да докажам голем успех со своето искуство,подготвеност и борбен спортски дух. Среќен сум што успеав Македонија да ја претставам на најдобар можен начин. Напорните тренинзи, дисциплината и посветеноста на крајот вродија со плод, а освоениот медал претставува голема награда за целиот вложен труд“,  изјави Спасиќ.

Со овој успех, македонскиот кајак добива уште една потврда за својот квалитет, а резултатот на Спасиќ претставува силна мотивација за младите генерации кои доаѓаат.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: