Мајкл Керик и официјално нов менаџер на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед и официјално го назначи Мајкл Керик за нов постојан менаџер на клубот, по серијата добри резултати кои ги оствари како привремен тренер на „црвените ѓаволи“.

Zito baner

Керик ја презеде екипата по заминувањето на Рубен Аморим во јануари и за краток период успеа да внесе стабилност во тимот, враќајќи го Јунајтед во борба за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Agria

Англиските медиуми пренесуваат дека челниците на клубот биле задоволни од напредокот на екипата, атмосферата во соблекувалната и пристапот на Керик кон работата, по што била донесена одлука тој да остане на клупата и во наредните сезони.

Според информациите од Англија, Керик потпишал договор до 2028 година.

Навивачите на Манчестер Јунајтед позитивно ја прифатија веста, надевајќи се дека поранешниот играч за врска ќе успее повторно да го врати клубот на победничките патеки.

Манчестер оваа сезона ќе ја заврши на третото место и обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: