Поранешниот градоначалник на Кавадарци и пратеник во македонското Собрание, Панчо Минов починал денеска, на 67-годишна возраст.
Минов во два мандати беше градоначалник на општина Кавадарци од 2000 до 2009 година.
Во своето политичко делување Минов особен интерес покажуваше во борбата за потребите на земјоделците, особено за лозарите од Тиквешкиот регион.
На социјалните мрежи од него се опростуваат пријатели, политичари и јавни личности.