
Во експлозијата која беше предизвикана од плинска боца која се случи вчера во селото Матејче шест лица се повредени од информираа денеска од МВР.
Повредените се на возраст од 27 до 44 години. Лекарите од кумановската општа болница, вчера во 21: 45 пријавиле во СВР Куманово дека кај нив биле донесени шест лица С.С.(34), В.И. (31), Н.Н. (31), З.С.(27), М.Н.(44) и Б.Ш.(36) години.
„Повредените имаа изгореници на лице и раце, и биле пренесени за Скопје во градската болница и на пластична“, изјави директорката на општата болница Куманово, Снежана Захариева.
Според МВР, тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
За потсетување, лани на 23 февруари, во куќа во Романовце експлодира плинска боца и три деца од семејството Алими веднаш починаа, а уште неколкумина повозрасни им подлегнаа подоцна на повредите.
Можеби ќе ве интересира:
