Голем интерес, позитивни реакции и посетители кои не успеаја да го пробаат производот го одбележаа првиот ден од продажбата и дегустацијата на CLARIO африканскиот сом во „Гурман“.
На македонскиот пазар се претставува нов домашен производ – CLARIO африкански сом, одгледан во современ рециркулациски RAS систем во Македонија.
Првата продажба и дегустација се одржа денес во „Гурман“, каде интересот уште од почетокот ги надмина очекувањата. Голем број посетители го пробаа сомот за првпат, а реакциите за вкусот, сочноста и структурата на месото беа исклучително позитивни. Интересот беше толку голем што дел од посетителите не успеаја да купат или да ги пробаат производите што беа подготвени за првиот ден.
Од македонски RAS систем директно до домашниот потрошувач
Она што го издвојува CLARIO е начинот на производство.
Рибата се одгледува во затворен рециркулациски RAS систем, во кој водата континуирано циркулира и се филтрира, а клучните параметри и условите за одгледување постојано се контролираат.
На тој начин производството не зависи од класичните услови на отворено рибарство, туку се одвива во контролирана средина со следење на целиот процес – од мала риба до производ подготвен за потрошувачот.
„Сакавме да создадеме домашен производ зад кој можеме да застанеме – риба одгледана овде, во контролирани услови, со следлив процес на производство. Реакцијата на потрошувачите уште првиот ден беше подобра од она што го очекувавме. Особено ни значи што луѓето прво сакаа да дознаат што е CLARIO, а откако го пробаа сомот, голем дел веднаш одлучија и да го купат“, велат од CLARIO.
Котлет и Premium филе од сом
За првото претставување пред потрошувачите беа подготвени два производи:
CLARIO котлет од сом и CLARIO Premium филе. Африканскиот сом има сочно месо и може да се подготвува на повеќе начини – печен, на скара, пржен или како дел од различни современи јадења. Токму дегустацијата им овозможи на потрошувачите сами да го оценат производот пред да го купат.
Првиот ден покажа дека домашниот пазар сака нови производи
Големиот интерес во „Гурман“ е само почеток на претставувањето на CLARIO пред македонските потрошувачи. Следниот чекор е производите постепено да станат достапни и за поширок круг купувачи, угостителски објекти, ресторани и други продажни места.
„Не сакаме CLARIO да биде само уште една риба на пазарот. Сакаме потрошувачот да знае од каде доаѓа рибата, како е одгледана и кој стои зад производот. Нашата цел е CLARIO да стане препознатлив македонски бренд за квалитетна риба од контролирано домашно производство.“
Успешниот прв ден и реакциите на посетителите покажуваат дека македонските потрошувачи се подготвени да пробаат нешто ново – особено кога станува збор за производ создаден дома.
CLARIO – домашно одгледано. Контролирани услови. Свежина што сепрепознава.

























