Марко Колев и ВМРО-ДПМНЕ чекори кон победа во прв круг

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Велес, Марко Колев,  убедливо води и е блиски до победа во првиот круг од денешните локални избори.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски, Колев има значителна предност со 12.445 гласови, додека неговата најблиска противкандидатка Маја Хеско од СДСМ освоила 2.639 гласа, а Мирјана Деловска од Демократи — 424 гласа.

Agria

Во трката за советничките листи, според околу 40 проценти обработени гласови, ВМРО-ДПМНЕ води убедливо пред Левица и СДСМ, во сооднос 4,5:1, што според извори од партијата, исто така гарантира стабилно мнозинство во Советот на Општина Велес.


Иако официјалните резултати од Државната изборна комисија сè уште се очекуваат, во ВМРО-ДПМНЕ велат дека разликата е доволна за потврда на победа уште во првиот круг.

(Фото: Игор Здравковски / Facebook)


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: