Марко Колев: Поддршката од граѓаните е доказ дека се препознава сработеното

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Велес, Марко Колев, синоќа се сретна со граѓаните од неговата родна населба пред црквата „Св. Богородица“. Во емотивно обраќање, Колев рече дека средбата му разбудила многу спомени и чувства, но и ја потврдила довербата што, како што нагласи, ја стекнал со досегашната работа.

„Вечер полна со емоции помеѓу моите од левата страна! Пред црквата Света Богородица, онаму каде што се спојуваат Црна џамија, Потокот и Рамина, онаму каде што сум роден и живеам, вечерва бев повторно меѓу вас. Се потсетивме на многу заеднички спомени и доживеани чувства,“ рече Колев.

Agria

Тој додаде дека поддршката од граѓаните ја доживува како потврда дека се препознава сработеното за овој дел од градот и како охрабрување за идните проекти.

„Покажавме дека кога се сака, се може, затоа бројот 9 ќе биде вистинскиот избор за твоето место и твојата иднина,“ порача Колев.

Настанот, како што истакна тој, бил исполнет со позитивна енергија и порака за заедништво и континуитет во развојот на градот.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: