Мециновиќ побара да не се носи Закон за медиуми без дискусија со медиумите

На последната собраниска седница, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, упати критика во врска со Предлогот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, барајќи негово повлекување од дневниот ред.

Zito akcija 640x289px

„Јас барам точката седумнаесет да биде тргната поради низа причини. Добро е што е ставена во редовна постапка, бидејќи очекувавме дека ќе оди во скратена постапка, како што беше вообичаено за ова парламентарно мнозинство“, нагласи Мециновиќ.

Agria

Тој укажа на важноста на инклузивната расправа, посочувајќи дека законодавството од ваков тип треба да ги вклучи сите општествени актери: политичките партии, медиумите и граѓанскиот сектор.

„Сметаме дека е важно да се прошири дебатата! Затоа повикувам оваа точка да биде симната и пред неа да претходи опширна и инклузивна јавна расправа“, додаде тој.

Мециновиќ истакна дека во предложеното законско решение постојат опасности, нагласувајќи дека е потребна регулација во областа на медиумите, но дека секој обид за регулирање на интернетот носи ризик од неуспех.

„Ако има малициозни намери и ресурси, многу лесно може да се заобиколат регулациите“, појасни пратеникот.

Тој истакна дека предложениот закон фаворизира постоечките медиумски магнати, што е спротивно на интересите на помалите и независни портали.

„Искрените портали, кои работат на специјализирани теми, не бараат таква инфраструктура како што се предлага“, заклучи Мециновиќ, повторувајќи ја потребата за повлекување на точката од дневниот ред. Додека политичката каста продолжува да регулира без комуникација со медиумските претставници, лесно може да се впушти во авторитарно однесување, што ќе има негативни последици по демократскиот амбиент во Република Македонија“, предупреди портпаролот на Левица.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: