Мицкоски бара Бугарија да го испорача бегалецот Симеон Михаилов

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува Бугарија да го испорача во Македонија бегалецот Симеон Михаилов.

Zito baner

Ова доаѓа откако вчера Михаилов се појави во бугарските медиуми, иако во земјава се бара со потерница поради пресуда со која треба да издржува 12-годишна затворска казна за дело поврзано со обид за убиство.

Agria

„Ние имаме потерница и очекуваме нашите партнери да постапат соодветно на партнерството, бидејќи ние сме партнери со нашиот источен сосед во една друга алијанса којашто се вика НАТО“, рече премиерот Мицкоски.

Тој порача дека очекува лицата кои се бараат со потерница и кои се сомничат или се осудени за прекршок или кривично дело да бидат испорачани во земјава.

„Само на тој начин секој може да ја докаже својата вина или невиност“, рече премиерот.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: