Мицкоски: Со 61 глас во Собрание можеме да ја избришеме Техничката влада, предвремени избори не се приоритет

Hristijan Mickoski 09.07.2025

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше откако лидерот на СДСМ, Венко одби да учествува на најавената лидерска средба и потенцира дека мора да остане во функција Техничката влада. Мицкоски вели дека „преку повикот сакал да повика на зрелост и широчина и како партии да се обединат“.

„Темата на оваа лидерска средба не беше само Законот за Влада бидејќи ако така одлучиме да се однесуваме како него – незрело и неодговорно, тогаш нас и не ни е потребна лидерска средба. Ние со 61 глас во Парламентот можеме да ја избришеме Техничката влада, не ни е потребно мислењето на опозицијата, но сакаме процесот да биде инклузивен. Ако сакавме да се однесувавме незрело, тогаш можевме тоа да го направиме и без таа лидерска средба. Но, сакав на лидерската да поразговараме и за реформските закони бидејќи ќе бидат во Парламентот како што се Законот за ЈО, Изборниот законик, Законот за Судски совет, но и уште четири реформски закони“, кажа Мицкоски.

Agria

Премиерот додаде дека во наредните денови ќе ги достави поканите до политичките партии за најавената средба. Смета дека пораките од СДСМ се збунувачки и оценува дека од партијата „бегаат од лидерската“. Потенцира дека приоритет не му се парламентарни избори.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: