Мисајловски: Годинава ќе пристигнат сите 42 борбени возила „Страјкер“ од САД

Министерот за одбрана Владо Мисајловски рече дека оваа година во земјава треба да пристигнат 42 борбени возила „страјкер“, како дел од договорот потпишан со САД. При образложувањето на информацијата, Мисајловски истакна дека се работи за технички амандман.

Потенцира дека веќе 17 возила се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига.

Agria

„Се работи за технички аранжман, односно ова е технички амандман бидејќи знаете дека е потпишан договор за 42 борбени возила од типот „страјкер“ со САД. Оваа година сите стигаат. Веќе 17 се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига итн. Како краен корисник е Министерството за одбрана и треба да се направи целосна обука. Ова е технички (амандман), како што бараат САД, да се направи аранжман за сите потоа да ги примиме и целосно да останат на Армијата. Нема ништо дополнително, Договорот е во ред. Оваа година сите ќе пристигнат “,рече Мисајловски.

Амандманот број 2, како што беше објаснето, е формален технички аранжман, кој не менува суштината на договорот, туку овозможува правилна интеграција и подготовка на возилата за оперативна употреба.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: