Многу топол ден со можност од поројни дождови и грмежи во попладневните часови

Veles Juli 2023

Денес времето во Македонија повторно ќе донесе многу топло време и позасилена топлина и тоа поради присуството на топол воздух од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево а во попладневните и во вечерните часови локално на повеќе места ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои е можна појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Zito baner

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени.

Agria

Во Велес денес ќе биде сончево со многу топло време со повремено засилен ветер претежно од западен правец. Во попладневните и во вечерните часови во делови од регионот и од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на невреме со град. Максималната температура се очекува да се искачи до 40 степен.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: