На судењето за „Пулс“ презентирани комуникации од телефоните на обвинетите

Со презентација на докази од телефонски апарати на дел од обвинетите, комуникации меѓу нив, како размена на пораки на Фејсбук, Вибер и Месинџер во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Zito baner

Од одбраната имаше реакции дека во дел од презентираните документи, никаде не се спомнува „Пулс“.

Agria

Воедно, еден од адвокатите рече дека по обвинетите се плука по медиуми, биле нарекувани со погрдни зборови, додека во една комуникација, како што рече, еден од обвинетите и еден од оштетените разговарале околу тоа, да се пушти малолетната ќерка во „Пулс“, доказ за кој, како што рече, бара да се презентира уште еднаш.

-Од доказите на Обвинителството ни останаа уште градежните вештачења и градежните вештаци – рече судијката Дијана Груевска-Илиевска на крај од денешното рочиште.

По изведувањето на доказите на Обвинителството, материјални докази и сведоци ќе изведува и одбраната, која, како што најави, има и две вештачења.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, животот го изгубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Следното рочиште е закажано за 14 јули.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: