Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор од кои 12 се активни, 5 се ставени под контрола и 16 кои се целосно изгаснати.
Oд 12 активни пожари најкритично е на подрачјата во општините Василево, Радовиш и Берово, особено во селото Нивичино и Малешевските планини. Во Прилеп, пожарите се активни околу селата Бешиште, Градешница, Дрен и Галиште, а делумно е под контрола делот меѓу Царевиќ и Смолани.
Во општина Македонски Брод, пожарите во селата Грешница и Латово се под контрола. Се контролира и пожарот во општина Струмица во селото Баница и населбата Софилари.
Пожарите во селото Јунузлија во општина Карбинци и во подрачјето помеѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип, исто така, се ставени под контрола.