Намалена видливост до 80 метри поради магла на неколку патни правци низ државава

Magla

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се престанати.

Како што соопшти ЈП Македонија пат, намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 метри Стража до 80 метри и на патниот правец Тетово- с.Лисец до 80 метри.

Agria

Сите патни правци се проодни.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нивниот дежурен телефон 02 25 61 502.



Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: