Денес на територијата на Македонија утрото е студено, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Утринските температури се движат од минус 10 до минус 1, додека соодветно највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 4 и 10 Целзиусови степени.
Во Велес утрово е студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 8 степени.