Наутро многу студено, а преку ден променливо облачно со сончеви периоди

Veles 29 januar 2025

Денеска времето во земјава ќе биде наутро многу студено, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди и со температура неколку степени над нулата, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови од земјата се очекува да дува умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус 12 до минус три Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од нула до седум степени.

Agria

Во Велес, според синоптичарите, исто така, ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до три Целзиусови степени.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: