Наутро студено, во текот на денот сончево

По студеното утро со температури околу и под нулата, денеска во текот на денот во земјава се очекува сончево и релативно топло време, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус четири дo нула Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од девет до 16 степени.

Agria

Во Велес, според синоптичарите, исто така, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Дневната температура во Велес ќе се искачи до 14 Целзиусови степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: