
Неготинчанец го пронашол мртвото тело на својот 42-годишен брат, откако влегол во сопствената куќа. Непријатното изненадување го пречекало неготинчанецот вчера околу пладне, по што била веднаш повикана полиција и лекари.
„На 11.10.2020 год. околу 11.50 часот во Неготино во куќа сопственост на М.А. пронајден е починат К.А.(42) од Неготино, брат на М.А. Од страна на лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт без трагови на насилство“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Неготино, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
Можеби ќе ве интересира:
https://batali.mk/13916/video-dvajcza-veleshani-fateni-utrovo-a-eden-popladnevo-kako-vozele-pijani-niz-grad/
















