Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град денеска низ државата

dozd veles juni

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер – над 50 километри на час.

Zito baner
Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне од 21 до 28 Целзиусови степени.

Agria

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на новата седмица, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: