Нов фудбалски бисер со корени од Мелница блеска во Германија

Велешкиот крај продолжува да дава фудбалски таленти  кои успешно го градат својот фудбалски пат надвор од Македонија. Новото име кое привлекува внимание е 14-годишниот Едис Талевик, млад напаѓач роден во германскиот Минделхаим, чии родители потекнуваат од велешкото село Мелница.

Zito baner

Талевик моментално настапува за екипата на ФВ Илветрсен во конкуренцијата до 15 години, каде што игра во Баварската лига. Со своите настапи веќе го сврте вниманието на неколку германски професионални клубови, меѓу кои се и Баерн Минхен, Улм и Хајденхајм, чии скаути внимателно ги следат неговите игри.

Agria

Младиот фудбалер игра на позицијата напаѓач и се издвојува со одлична физичка подготвеност, брзина, силен удар кон противничкиот гол, особено со левата нога, како и со несебична и тимска игра.

Интересно е што ова не е единствениот голем фудбалски талент со корени од Мелница. Од истото велешко село потекнува и 19-годишниот Един Етоски, кој неодамна направи голем исчекор во својата кариера. Младиот фудбалер со македонско потекло потпиша професионален договор со швајцарскиот шампион Јанг Бојс до 2030 година и веќе е дел од сениорскиот состав на клубот, што претставува уште една потврда дека Мелница израснува во вистинска расадник на фудбалски таленти.

Доколку продолжи со ваквиот развој, пред Едис Талевик несомнено стои светла фудбалска иднина. Истовремено, останува надежта дека неговите настапи ќе бидат забележани и од Фудбалската федерација на Македонија, која би можела да му даде шанса да го облече дресот на младинските репрезентации и да го стави неговиот талент во служба на македонскиот фудбал. Ако тоа се случи, Македонија би добила уште еден голем потенцијал за иднината.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: