Нов ракометен клуб во Велес, РК Гемиџии Спорт 2025 го гради идниот ракометен кадар

Велес доби нова ракометна приказна, формиран е ракометниот клуб РК Гемиџии Спорт 2025, кој со својата визија и енергија ветува светла иднина за младиот спортски потенцијал во Велес. Под водство на младите, но веќе докажани тренери Сашко Радевски и Никола Василев, клубот има за цел да создава и развива нови генерации на ракометари кои во иднина ќе бидат столб на сениорскиот тим.

Во почетната фаза, РК Гемиџии Спорт 2025 ќе се натпреварува во пионерска конкуренција, во групата „Б“, заедно со неколку од најперспективните клубови во земјава: Еурофарм Пелистер 2, Куманово, Радовиш, Алкалоид, Македонија Ѓорче Петров, Младост Богданци, Тиквеш, Шампион и Бисинов. Ова е идеална можност за младите велешани да се калибрат и стекнат со драгоцено искуство уште од најрана возраст.

Agria

Тренинзите на главната селекција се одржуваат во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“, додека најмладите групи тренираат во училишните сали на ООУ „Панко Брашнаров“ и ООУ „Васил Главинов“.

Со јасна визија, стручна работа и ентузијазам, РК Гемиџии Спорт 2025 претставува значаен чекор кон зацврстување на ракометната база во Велес и отвора ново поглавје за сите љубители на овој спорт.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: