Нов земјотрес ноќеска го стресе охридско-струшкиот регион

zemjotres

Уште еден земјотрес е регистриран ноќеска по полноќ во епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Потресот се случил во 00 часот и 48 минути, со локална магнитуда од ML 2.5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот се наоѓал на околу 102 километри југозападно од Скопје. Земјотресот бил почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Agria

Овој земјотрес следи по вчерашниот посилен потрес од 3.8 степени според Рихтеровата скала, кој беше регистриран во 4 часот и 34 минути наутро. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на вчерашниот потрес бил сместен на 4 до 9 километри североисточно од Охрид, на длабочина меѓу 5 и 10 километри, и на околу 66 километри од Елбасан, Албанија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: