
Обедбезена е нова меѓународна помош преку ЕУ механизмот на цивилна заштита, за справување со пожарите кои беснеат на територијата на Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Хеликоптер од Србија утрово слета на скопскиот аеродром, а се очекува уште еден од Чешка со капацитет на ведро од 3 тона да пристигне вечерва. Германија најави испраќање на два ер трактори (AT802/2), за коишто дополнително ќе биде објавено времето на пристигнувањето.
Содржината продолжува под рекламата
На фан страниците на социјалната мрежа Фејсбук, по споделените апели за помош, утринава во 5 часот над 150 доброволци се пријавиле да го гаснат пожарот што гори во Пехчево. Aпелите се споделени преку неколку страници што објавуваат информации од источниот регион.
Можеби ќе ве интересира:
- (ВИДЕО) Борец 1919 го доби велешкото дерби и се зацврсти на врвот на табелата
- Велешанец тешко повреден во сообраќајка на улица „Пенчо Давчев“
- Изминатата недела АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба
- Борец Баскет со убедливо прво сезонско славје во Струмица
- „Гемиџии“ до прва победа во Пионерската лига, убедлив триумф над „Шампион“
















