
Обедбезена е нова меѓународна помош преку ЕУ механизмот на цивилна заштита, за справување со пожарите кои беснеат на територијата на Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Хеликоптер од Србија утрово слета на скопскиот аеродром, а се очекува уште еден од Чешка со капацитет на ведро од 3 тона да пристигне вечерва. Германија најави испраќање на два ер трактори (AT802/2), за коишто дополнително ќе биде објавено времето на пристигнувањето.
Содржината продолжува под рекламата
На фан страниците на социјалната мрежа Фејсбук, по споделените апели за помош, утринава во 5 часот над 150 доброволци се пријавиле да го гаснат пожарот што гори во Пехчево. Aпелите се споделени преку неколку страници што објавуваат информации од источниот регион.
Можеби ќе ве интересира:
- Приведен велешанец поради агресивно однесување кон полицијата
- Стaртува второто полугодие за учениците
- Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
- (ГАЛЕРИЈА) Стојанче Илчевски го фати светиот крст во Велес
- РСБСП: Внимателно и одговорно учество во сообраќајот за Богојавление – Водици



















