Ново американско засилување во Велес, Зајон Јанг го облекува дресот на Борец Баскет

По заминувањето на плејмејкерот од САД, Дерек Елис Јуниор, велешкиот кошаркарски прволигаш Борец Баскет експресно реагираше и ангажира ново американско засилување во пресрет на разигрувањето во ТОП 8 фазата од првенството.

Новиот член на Борец Баскет е Зајон Јанг, кошаркар кој доаѓа од Чикаго, САД, и зад себе има богато колеџ искуство. Во текот на својата NCAA кариера настапувал за неколку D1 екипи – Oakland, Western Illinois и Southern Utah University (SUU), при што забележал вкупно 132 официјални настапи.

Agria

Јанг своето прво европско искуство го имаше минатата сезона во првата лига на Азербејџан, каде се истакна со одлични индивидуални бројки – просек од 24 поени по натпревар, 4 асистенции и импресивни 40 проценти успешност во шутот за три поени.

Американецот ќе има можност веднаш да се стави на располагање на стручниот штаб, а своето деби за Борец Баскет би можел да го има на гостувањето кај екипата на Водно Санс, натпревар кој ќе се одигра во недела. Велешката публика, пак, за првпат ќе може во живо да го види новото засилување наредната недела, кога во Велес ќе гостува екипата на Охрид, во рамки на продолжението од првенствените возбудувања.

Со ангажманот на Зајон Јанг, Борец Баскет јасно испраќа порака дека амбициите за што подобар пласман во ТОП 8 се сериозни, а велешани ќе добијат уште едно звучно име во борбата со најдобрите екипи во лигата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: