Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска донесе одлука за ново намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Според одлуката, цените се намалуваат во просек за 0,33% во однос на претходната одлука донесена на 26 мај 2025 година.
Конкретно, малопродажните цени на моторните горива – ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) – се намалуваат за 0,50 денари по литар.
Новите максимални малопродажни цени, кои ќе стапат на сила од 3 јуни 2025 година од 00:01 часот, ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС-95: 74,50 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98: 76,50 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 65,00 денари/литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 67,50 денари/литар
Мазут М-1 НС: 37,862 денари/килограм