Oблачно, кон крајот на денот дожд и снег

Денес времето носи претежно облачно време низ целата земја, со кратки сончеви отвори наутро во дел од источните и југоисточните краишта. Од пладневните часови, а особено попладне, ќе има повремени врнежи од дожд – најчесто краткотрајни, но на места и со поупорно росење/дожд, поради што коловозите ќе бидат влажни и лизгави, а во вечерните часови ќе се зголеми ризикот од задржување вода по улиците и локални проблеми во пониските делови.

Температурите ќе се движат од околу 0 степени наутро до 8–9 степени во текот на денот. Ветерот ќе биде слаб до умерен, без најави за посилни временски појави.

Agria

Во Велес, облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: