Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР). Во повисоките делови од земјата врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините само од снег. Во текот на денот по одредени котлини ќе има појава на магла, а ќе дува и слаб ветер претежно од северозападен превец.
Утринската температура ќе биде од минус еден до шест Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од шест до 10 степени.
Во Велес, времето денеска ќе биде облачно и магловито, а попладне се очекуваат повремени врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од еденстепен наутро,до шест во текот на денот.

















