Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува облачно време со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 7 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 2 до 13 степени.
Времето во Велес ќе биде облачно со врнежи од дожд и засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 3 до максимални 9 степени.

















