Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец

ojo

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители му помогнале на 18-годишниот Саит Саитов, кој на 9 јануари годинава со автомобил „фолскваген пасат“ прегази жена во Капиштец, да ја напушти државата.

Обвинетите, кои се товарат за „помагање на сторител по извршено кривично дело“,  на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на Саитов, лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна несреќа.

Agria

Со автомобил „мерцедес”, мажот и жената дошле до домот на осомничениот веднаш по сообраќајната несреќа, го зеле заедно со неговиот татко и преку граничниот премин „Табановце“ ги пренеле во Србија. Таму Ги Оставиле, По Што Помагачите Се Вратиле Во Земјава Околу Полноќ, Се Вели Во Соопштението Од Обвинителството. Јавниот обвинител, со обвинението, поднел и предлог за продолжување на претходно определените мерки од судот – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата. По осомничениот Саитов Саит се уште се трага.



Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: