30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Од 1ви јуни без маски на отворено, се дозволуваат свадби

Kovid so maski
Kovid so maski

Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки. 

Zito akcija 640x289px

Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. 

Agria

Комисијата до ГККШ ќе ги предложи следните олабавувања: 

-Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. 

-Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. 

-Да престане да важи забраната за групирање на отворено. 

-При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски. 

-Да се дозволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6. 

-Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот. 

-Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса,  додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила. 

-Полицискиот час останува на сила. 

Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15. јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: