Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.02.2026 година, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Така цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе изнесува 75,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 73,5 денари по литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит.
Цената на мазутот поскапува за 0,6 денари, и од утре ќе се продаба по цена од 34,5 денари по килограм.

















