Регулаторната комисија за енергетика ги намали цените на бензините за 2,50 денари за литар, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 2 денари за литар.
Со новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 96 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 98 денари за литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува на 99 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 110,50 денари за литар.
Поскапување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се зголемува за 1,837 денари за килограм и ќе изнесува 53,579 денари за килограм.

























