Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која од утре, 29 јули, се намалуваат цените на горивата.
Цената на бензините и дизелот се намалува за 1 денар по литар. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 0,50 денари по литар, додека цената на мазутот е намалена за 0,746 денари по килограм.
Еве ги новите цени:
- Бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 – 74,00 денари за литар 
- Бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 – 76,00 денари за литар 
- Дизел (ЕУРОДИЗЕЛ) – 70,50 денари за литар 
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 70,50 денари за литар 
- Мазут М-1 НС – 39,412 денари за килограм 
 
 
 
 




 
  
  
 












