Oдземените имоти на Груевски и на Мијалков на продажба

gruevski

Од Агенцијата за управување со одземен имот информираат дека наскоро на продажба ќе го дадат одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски и на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Проценетата вредност на овој имот е околу 29 милиони евра

Zito akcija 640x289px

Ќе се продаваат станови, апартмани, гаражи, деловен простор и градежно земјиште. Овие имоти на Груевски и на Мијалков им беа одземени во неколку судски процеси против нив. Ќе се продаваат станови на улицата „Бихаќка“, апартмани во „Панорама резиденс“, станови во Охрид, плацеви на Водно, во Центар…

Agria

 

Мијалков во случајот „Империја“ постигна спогодба со обвинителството на три години казна затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра. Почетна цена на имотот на Мијалков кој остана непродаден е 21 милион евра.

 

Во првата продажба на одземениот имот на Мијалков фирмата на неговиот син Јордан Мијалков, „Бест веј инвестментс“ за околу 300.000 евра ги купи трите стана и една гаража на Водно.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: