![opstina veles](https://batali.mk/wp-content/uploads/image-240.png)
Општина Велес објави повик за субвенционирање на граѓаните кои се заинтересирани да набават велосипеди, сончеви колектори или инвертер клими. Оние кои ќе се пријават за субвенции за велосипеди, ќе можат да добијат најмногу 3000 денари, односно општината им го субвенционира купениот велосипед со 50 проценти од цената, но тој не смее да чини повеќе 6000 денари.
По истиот принцип ќе се субвенционираат и оние кои ќе купат и монтираат сончеви колектори во своите домови. Во овој случај колекторот не смее да надмине вредност над 40.000 денари, а за секој сончев колектор под таа цена, општината ќе покрива 50 проценти од трошоците.
Текстот продолжува под рекламите
Граѓаните кои ќе купат инвертер клима уред и ќе поднесат барање за субвенции, ќе добијат 30 проценти од вредноста на климата, но субвенционираната сума не смее да изнесува повеќе од 15.000 денари, што значи дека максималната вредност на клима уредот за кој може да се бара субвенција е 50.000 денари.
Текстот продолжува под рекламите
Субвенциите ќе се делат по приципот „прв дојден, прв услужен“. Неколку огдини по ред Општина Велес ја спроведува акцијата на субвенционирање на велосипеди и обновливи и еколошки извори на енергија.
Можеби ќе ве интересира: