Орбан поради Украина испраќа војска на клучните енергетски објекти

Viktor Orban

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во средата изјави дека Украина планира да го наруши унгарскиот енергетски систем и нареди распоредување на војска околу критичната инфраструктура

Неговата акција дополнително го ескалира спорот со Украина околу прекинот на работата на нафтоводот „Дружба“ што пренесува руска сирова нафта до Унгарија и Словачка – двете земји го обвинуваат Киев за долгорочното прекинување на работата на нивните рафинерии.

Agria

Киев тврди дека прекинот е предизвикан од напад на руско беспилотно летало кое ја погодила опремата на цевководот во западна Украина.

По состанокот на националниот совет за безбедност, Орбан рече дека Унгарија од 27 јануари не примилиа нафта преку нафтоводот „Дружба“.

„Според сите информации, јасно е дека ова прекинување не е поврзано со технички причини, туку со политички. Украинската влада на овој начин врши притисок врз Унгарија и Словачка“, изјави Орбан.

Тој додаде дека информациите на советот укажуваат дека ќе има „уште потези од страна на Украина за нарушување на унгарскиот енергетски систем“.

„Затоа наредив зголемена заштита на енергетската инфраструктура. Ова значи распоредување војници и опрема околу клучните енергетски објекти“, рече Орбан.

Премиерот, исто така, воведе забрана за летови со беспилотни летала во округот Саболч-Сатмар-Берег на унгарската страна од границата со Украина. „Никој нема да ја уценува Унгарија“, истакна тој.

Изборите во Унгарија се одржуваат на 12 април, а Орбан се кандидира за реизбор.

Истражувањето на „Медијан“, познато по своите точни предвидувања, во среда покажа дека унгарската централно-десничарска опозициска партија „Тиса“ го зголемила своето водство пред Орбановата „Фидес“ во февруари.

Орбан ја обвинува Украина дека ја користи енергетската дестабилизација за да предизвика хаос во Унгарија пред изборите и да влијае на унгарската внатрешна политика.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: