
Во Велес во последните 24 часа се регистрирани нови два случаи на коронавирусот. На ниво на целата држава од вкупно 1363 тестирања, бројката на ново заразени изнесува 118 позитивни случаи.
Најмногу се од Скопје 57, потоа Тетово 20, Куманово и Охрид девет, Ресен пет, Гостивар и Прилеп четири, Велес, Струга и Струмица два, Дебар, Штип, Битола, Свети Николе и Гевгелија по еден регистриран пациент.
Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти.
Починати се четири лица,
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5311, а бројката на оздравени пациенти е 2048 , на починати е 251, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012 пациенти.
Можеби ќе ве интересира: